Насловна / Архитектура / Sagrada Familia на Гауди чекор поблиску до завршување

Sagrada Familia на Гауди чекор поблиску до завршување

Sagrada Familia, познатата, но недовршена знаменитост на шпанскиот архитектонски великан Антонио Гауди (1852–1926) полека се оди кон своето финале. Како што беше официјално објавено на почетокот на октомври, целосно се изградени пет од шесте централни кули.

02

После јануари оваа година, кога беа завршени кулите на евангелистите Лука и Марко, сега на уште две дополнителни кули посветени на евангелистите Матеј и Јован поставени се со статуи од скулпторот Хавиер Медина-Кампена, со што е одбележано завршувањето на нивната изградба.

3

Фондацијата која ја надгледува изградбата на оваа историска зграда најави специјална миса за 12. ноември за да се одбележи инагурацијата, која ќе започне со осветлување на четирите кули во текот на целата божиќна сезона.

01

Кулите на евангелистите се меѓу највисоките во светот

Целокупниот проект на Гауди на црквата вклучува 18 кули, секоја посветена на различна библиска личност: вклучувајќи ги 12-те апостоли, четворицата евангелисти, Девица Марија и Исус.

Со оглед на тоа што кулите на евангелистите сега се завршени, а кулата на Богородица беше свечено отворена во декември 2022 година, изградбата на последната преостаната кула, посветена на Исус Христос, се планира да биде завршена до 2026 година.

Stitched Panorama

Секоја од четирите кули посветени на евангелистите е крунисана со скулптури кои претставуваат вол, орел, човек и лав и во согласност со библиската иконографија.

Кулите се високи 135 метри, што ќе ги направи третите највисоки црковни кули во светот, наведува ArchDaily.

2

Изградба која трае над 140 години

Амбициозниот проект Sagrada Familia (Света фамилија), во кој се вградени елементи на модернизам, сецесија и готска преродба, се гради повеќе од 140 години, но иако е во постојана изградба, секоја година привлекува милиони посетители.

Првиот завршен дел, фасадата на Христовото раѓање, која исто така има и најдиректно влијание на Гауди, доби статус на светско наследство на УНЕСКО, заедно со уште шест градби на Гауди во Барселона.

1

Изградбата на Sagrada Familia беше контроверзна и се соочуваше со значителни доцнења. Иако дел од цртежите на Гауди за црквата биле изгубени по неговата смрт во 1926 година, некои критичари истакнуваат дека архитектите кои го презеле проектот се бореле да се придржуваат до визијата на Гауди.

Планирано е изградбата на познатата црква да заврши до 2026 година, за да биде отворена на 100-годишнината од смртта на Гауди. Истата година, Барселона треба да биде домаќин на конгресот на UIA, бидејќи ќе стане светска престолнина на архитектурата на УНЕСКО.

4

Испрати коментар

Scroll To Top