Насловна / Вести / Саемски манифестации „Infacoma 2016“ и „Aquatherm 2016“ во Солун

Саемски манифестации „Infacoma 2016“ и „Aquatherm 2016“ во Солун

Oд 11 до 14 февруари 2016 година во Солун, Грција, ќе се одржат  саемските манифестации  „Infacoma 2016“ (33. Интернационален саем за градежни материјали за изолација, врати и прозорци, пред-фабрикувани конструкции и технологии и санитарна опрема) и „Aquatherm 2016“ (1. Интенационален саем за греење, вентилација, климатизација, снабдување со вода, санитарии, еколошки технологии и обновливи извори на енергија).

Саемот  „Infacoma“ како секоја, така и оваа година, како водечки саем во градежниот сектор, има за цел да ги промовира новите технологии, апликации и материјали, кои се однесуваат на надградба на објекти, заштеда на енергија и модерна архитектура.

saemi vo solun saemi vo solun (2)

Во рамките на „Infacoma“ оваа година за прв пат ќе се одржи и Саемот „Aquatherm“, наменет за сите компании коишто се занимаваат со инстлирање и одржување на системи за греење, вентилација, климатизација, еколошки технологии и обновливи извори на енергија. Саемот се организира секоја година од 2004 година во повеќе од 13 градови, во 12 зејми ширум светот, а од 2016 година за прв пат ќе се организира и во Солун.saemi vo solun

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „HELEXPO“  и Канцеларијата за економски и трговски врски на Република Грција во Република Македонија, ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 20.01.2016 година (среда).

 

Испрати коментар

Scroll To Top