Насловна / Вести / Саемот на автомобили во Франкфурт најавува 60 премиери, од кои преку 30 електрични

Саемот на автомобили во Франкфурт најавува 60 премиери, од кои преку 30 електрични

Неделава започнува Саемот на автомобили во Франкфурт. Германските производители најавуваат голем избор на нови модели, највеќе на електричен погон, и мотори со шест плус еуро стандарди, кои ќе бидат задолжителни од јануари 2021 година на пазарите на Европската Унија. Своите последни денови ги бројат многу автомобили со над 200 коњски сили и шест цилиндри. Зајакнатите верзии не можат да ги задоволат новите стандарди во однос на емисиите на гасови, па затоа нивната продажба ќе биде запрена. Но, на сцена стапуваат малите мотори со три цилиндри кои достигнуваат моќност до 160 коњски сили, имаат мала потрошувачка и уште поважно – ниска емисија на издувни гасови. На предпремиерата на новата „опел астра“ во Франкфурт кажано е дека новите правила ќе ги поскапат возилата бидејќи развојот на еколошки мотори носи и повисоки трошоци. На саемот, „Фолксваген“ ќе го прикаже револуционерниот ID.3 автомобил, на електричен погон со автономија од 420 километри и цена од околу 30.000 евра. Елекричната „астра“ во „Опел“ ја најавуваат за следната година.

На саемот ќе бидат прикажани вкупно околу 60 новитети од кои над 30 електрични возила.

frankfurt3

frankfurt2

frankfurt4

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top