Насловна / Вести / Саем за „Купи куќа, купи стан“

Саем за „Купи куќа, купи стан“

kupi-kukja-kupi-stan

Денес во „Сити мол“ се отвори Саем за проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“. На едно место до вторник посетителите ќе можат да добијат информации за се она што ги интересира за овој проект. Претставници на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, на некои градежни компании, банки и осигурителни куќи, ќе им ги претстават своите услуги на сите заинтересирани, а посебни поволности и попусти корисниците на проектот ќе добијат и од компании за мебел, бела техника и осигурување.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ беше промовиран во јануари 2012 година и за неполни три години на овој начин се продадени околу 330 станови. Засега, поголема заинтересираност постои за опцијата купување стан. Досега се издадени над 330 решенија и 2,5 милиони евра субвебнции. Сопоред податоците од министерството за финасии, најголем дел од решенијата се доделени за стан, а помал дел за куќи.
Проектот е продолжен и за следната година.

 

Еден коментар

  1. Za da mu upee akcijata na Stavrevski po sekoja cena , site ke gi plakame negovite gluposti. Tri godini se sproveduva nesto promaseno vo start , pa sega samo se dodavaat benificii sto treba site gradjani na Makedonija da gi plakaat.

Испрати коментар

Scroll To Top