Саемот „Енергетика, градежништво и зелена економија“ во Тирана ќе с еодржи на 11-ти и 12-ти ноември 2022 година. Настанот е поддржан од Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија и ќе послуќи како широка комуникациска платформа помеѓу клучните чинители во споменатите сектори во регионот. Иднината, сигирноста и одржливоста во овие области се клучни за развојот на регионот. Затоа, саемот се фокусира на важни прашања како што се обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, новите технологии и влинаието врз животната средина. Се очекува да се подобри комуникацијата и соработката помеѓу инвеститорите, проектантите и консултантите. Особено ќе се обрне внимание на новите предизвици како климатските промени и економските конфликти, кои бараат нови начини на креирање политики и поефикасни решенија. Глобалните трендови во насока на дигитализацијата, примена на поефикасни и еколошки прифатливи технологии, како и промовирањето на циркуларната економија мора да заживеат во сите економски сфери за да се обезбеди додадена вредност со истовремено минимизирање на екстерналиите.