Насловна / Вести / Саем што не е за паметење

Саем што не е за паметење

Од 28 февруари до 4 март на Скопски саем, се одржа 14. издание на Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и седмиот по ред RealExpo – Меѓународен саем на недвижности.KPO_3390

На Саемот на градежништво во трите саемски хали се нудеа и продаваа градежни производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти.KPO_3411

За жал, можеме да констатираме дека ниту по бројноста на излагачите, ниту по квалитетот на саемската понуда, па ниту по посетеноста, тоа не беше саем што ќе остане во паметење. Напротив. Далеку од некогашниот саем „Технома“, па и од претходните изданија, каде што градежништвото било примарно застапено, со голем број реномирани фирми од странство и што е уште поважно, бројот на заинтересираните и љубопитни посетители беше на многу високо ниво. На овогодишниот саем, посетеноста беше главно фокусирана во првата хала, каде што се нудеа недвижности. А тоа сепак не треба да е примарно за некогаш реномираниот Саем.KPO_3391

Од останатите настани одржани на саемот, како квалитетни би ги истакнале презентацијата на Адинг – Скопје, како и интересната трибина на Асоцијацијата на архитекти на Македонија во однос на актуелните состојби на македонската архитектура.

За крај, ако Скопски саем сака да го подигне нивото на Саемот за градежништво, ќе мора нешто драстично да менува во организациска и креативна смисла на зборот. Ова што го имавме годинава не беше доволно и не беше на потребното ниво.KPO_3387 KPO_3388 KPO_3385 KPO_3386 KPO_3389 KPO_3393 KPO_3396 KPO_3399 KPO_3401 KPO_3400 KPO_3404 KPO_3405 KPO_3407 KPO_3409 KPO_3408

 

Испрати коментар

Scroll To Top