Од 18-ти до 20-ти ноември 2015 година во Palace Hall во Букурешт, Романија, ќе биде одржан осмиот саем и конференција за енергетска ефикасност. Во рамките на конференцијата ќе се разговара за обновливите извори на енергија, децентрализираното производство на енергија, паметните згради, енергетската ефикасност, когенерација, зелена економија. Најавено е присуство на претставници на државни институции, инженери, архитекти, претставници на енергетски компании, инвеститори, индустријата, енергетски советници. Ќе бидат присутни над 90 излагачи од 12 европски земји. Саемот и конференцијата се во организација на RECCo групата.