Насловна / Арт и дизајн / Саем како град: Нов дизајн за овогодинешниот Salone del Mobile во Милано

Саем како град: Нов дизајн за овогодинешниот Salone del Mobile во Милано

Најголемиот саем за мебел во светот, Salone del Mobile во Милано, повторно ќе се одржи на пролет за прв пат по три години, во период од 18 до 23 април 2023 година.

00

Организаторите на значајната манифестација неодамна ги објавија плановите за 2023 година со нова културна програма која на посетителите на саемот ќе им понуди подобрено искуство.

m1

Исто така, најавен е и биеналниот саем за осветлување Eurolucе, чиј распоред е инспириран од урбанистичкото планирање, а се со идеја изложбата да се доживее како „град на светлината“.

SALONE DEL MOBILE 2023: СОЗДАВАЊЕ ВРСКИ

„Работевме со мултидисциплинарен пристап, со нашата програма сакаме да донесеме архитектура, уметност и фотографија на саемот“, изјави водечкиот архитект Bepe Finesi за Wallpaper.

Планирано е саемот да содржи и простор на книжарницата на италијанскиот издавач Corraini, како и неколку изложби кои на саемот ќе донесат нови концепти на креативност и имагинација.

1

„Луѓето доаѓаат на Salone да видат што има ново од брендовите, но и да воспостават конекции. И тоа е она што ни недостасуваше. Изгледот на саемот е многу важен за создавање конекции. Затоа одлучивме да имаме урбанистички пристап. На овој начин за Salone се размислува како за град, и тоа идеален град, почнувајќи од павилјонот на Eurolucе“, додаде Finesi.

000

Lombardini 22

Дизајнот на павилјонот е доверен на миланската архитектонска фирма Lombardini 22, која креира организација на просторот што ќе го подобри искуството на посетителите.

Новиот изглед е инспириран од историските градски центри во Италија, па саемот се репрограмира во форма на град, а Eurolucе ќе претставува експериментално поле.

EUROLUCE 2023: САЕМ КАКО ГРАД

„Се фокусиравме на осветлувањето како објект, на неговата форма. Но, светлината се повеќе е поврзана со технологијата, со начинот на кој реагира на луѓето, како и на тоа како влијае на тоа како ја доживуваме вселената“, рече претседателката на Salone del Mobile, Maria Poro.

e2

e1

Покрај штандовите на компаниите, ќе има и серија културни моменти специфични за локацијата, наречени „Констелации“, со дела на многу креативци.

Во рамките на Euroluce ќе се наоѓа и Aurore, арена осмислена од студиото FormaFantasma, со идеја да се создаде простор за програмата на предавања и дијалози, курирана од Analisa Roso. Кога не се користи, овој простор дизајнерите го замислуваат како „место за медитација и размислување“.

4

Aurore, FormaFantasma, илустрација

ALCOVA 2023: ОБЈАВЕНА ЛОКАЦИЈАТА

Кустосите Joseph Grima и Valentina Ciuffi ја започнаа во 2018 година програмата Alcova и оттогаш, секоја година, проектот бира ороната зграда на територијата на Милано, во која се случуваат креативни интервенции на брендови и дизајнери.

Оваа година, Alcova ја зазема историската четврт Porta Vittoria Abattoir, која во оваа прилика за прв пат ќе биде отворена за јавноста.

02

01

Комплексот се простира на 20.000 квадратни метри низ шест згради, а настанот е замислен да ги анимира напуштените простори преку перформанси, изложби, разговори, проекции и инсталации.

Salone del Mobile 2023 ќе се одржи од 18 до 23 април 2023 година.

m3 m4 m2 010

Испрати коментар

Scroll To Top