Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот „Виа Експо“ од Софија, организираат посета на претстојниот 12. Саем и конференција на тема: Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа, што ќе се одржи во периодот од 5 до 7 април 2016 година во Софија, Р. Бугарија.
Манифестацијата е составена од два дела: Од саемска изложба Waste management and recycling exhibition во „Интер Експо Центар“ и бизнис-форуми „Управување со отпад и рециклирање” и „Паметни градови“.
Како и секоја, така и оваа година саемската манифестација има за цел да претстави голем број нови технолошки достигнувања од областа на енергетиката и обновливите извори на енергија со што воедно претставува и почетна точка за лансирање на иновативни производи.
Саемот го поттикнува развојот на енергетскиот сектор и иницира се` повеќе да се користат системски решенија за заштеда на енергијата во Југоисточна Европа.
Саемот и оваа година ќе ги претстави најновите решенија во делот на изолационите системи, уреди за складирање енергија, системи за заштеда на енергија, опрема за греење и ладење, системи за производство на обновлива енергија, комбинирано производство и други иновативни и ефикасни решенија.