Насловна / Вести / Садење дрвца во средното училиште „Зеф Љуш Марку“

Садење дрвца во средното училиште „Зеф Љуш Марку“

дрва

Во рамки на есенската акција „Ден на дрвото 2015“ денеска ќе бидат засадени дрвца во средното училиште на град Скопје „Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.

Мото на годинашната 16-та акција е „Засади успех!“. Годинава акцентот е на средношколците од град Скопје, кои во текот на кампањата, заедно со „Денот на дрвото“, континуирано ќе засадуваат дрвца во училишните дворови и ќе ја best online casino озеленат својата средина.

Акцијата почна со садење дрвца во средното економско и правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ во општина Кисела Вода. Дрвца беа засаедни и во скопските средни училишта „Браќа Миладиновци“, „Владо Тасевски“, „Димитар Влахов“, „Марија Кири Сколодовска“ и во дворот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Јавното претпријатие „Македонски шуми“, како главен носител на целата акција учествува со 3.124.000 садници кои ќе бидат засадени на 931 хектар земјиште ширум цела Македонија, додека на општините се поделени околу 67 илјади дрвца.

Идеен творец, долгогодишен претседател и актуелен почесен претседател на акцијата е маестро Борис Трајанов, кој во 2008 година поведе група ентузијасти кон засадување нова еко-иднина и поттикна формирање Граѓанско здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“

Испрати коментар

Scroll To Top