Минатиот месец, САД за прв пат станаа најголем светски извозник на течен природен гас (ТПГ), благодарение на растот на испораките во Европа, која се бори со енергетска криза. Така САД го надминаа Катар, кој досега беше најголем извозник на светот. Гасната револуција, во која се инвестирани милијарди долари, ги трансформираше САД во водечки извозник на ТПГ за помалку од една деценија. Од 2010 година пороизводството на ТПГ бележи раст од 70%, а САД очекуваат до крајот на 2022 година да го имаат и најголемиот извозен капацитет на светот, откако ќе стане достапен терминалот Calcasieu Pass на компанијата Venture Global LNG.
Но, позицијата на САД на врвот не е комотна и може да биде со краток век. Извозот сега е „за влакно“ поголем од оној на Катар и Австралија. Во иднина Катар планира огромен извозен проект за крајот на декадата, со што би ја зацврстил оваа нација како главен добавувач. Американскиот извоз е добредоојден во Европа која е во енерегтска криза и во екот на зимската сезона на греење.