Дизајнерското студио од Сингапур, Forest and Whale, го дизајнираше Reuse, сад за пакување „храна за носење“. Ова пакување може да се изеде или да се компостира. Gustavo Maggio и Wendi Chua, основачите на студиото, го дизајнирале овој сад со желба да помогнат да се намали употребата на пластика за еднократна употреба.
Процесот на правење на садот се одвива прво со мелење на лушпа од пченица, а потоа со додавање на мала количина природно врзивно средство и вода и се нанесува во два метални калапи на висока температура. Добиениот сад може да се користи за било која храна, но најпогоден е за салати, бидејќи не може предолго да толерира влага. Авторите напоменуваат дека е идеално да се користи за „храна за носење“ што треба да се конзумира во рок од два до три часа. Може да се користи само еднаш, но може после оброк да се изеде. Дизајнерите го набљудувале и анализирале ритуалот на јадење и забележале дека во многу култури лебот е задолжителен оброк, решиле на садот да втиснат четири мали линии кои му овозможуваат на корисникот да го изеде садот во неколку залаци, дел по дел.