Насловна / Вести / САД воведуваат надомест за „чиста трговија“

САД воведуваат надомест за „чиста трговија“

Rafinerija za nafta

Американската влада упатила во законодавна процедура предлог според кој американските нафтени компании би плаќале надомест од 10 долари по барел, со цел финансирање на примената на т.н. „Иницијатива за чиста трговија“. Идејата на таа иницијатива е забрзување на намалувањето на емисијата на стакленички гасови, зајакнување на борбата против климатските промени и намалување на зависноста на САД од нафтата.

Naftena busotina

Доколку оваа програма добие зелено светло во законодавните тела, овој надомест би се воведувал постапно во нафтените компании во следните 5 години. Во 2014 година, САД потрошиле околу 7 милијарди барели нафта, известува американската Управа за информирање за енергетиката (EIA – Energy Information Agency)

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top