Американското министерство за финансии, санкционирало повеќе од десет субјекти и пловила, поради нивна вмешаност во испорака на иранска сирова нафта и течен гас во Сирија и источна Азија, во име на Иранската револуционерна гарда и Хезболах.
Четири брода поврзани со флотата на сирискиот поморски магнат Абдула Џалил Малах и неговот брат Луај ал Малах, биле меѓу санкционираните пловила. Министерството за финансии наведува дека браќата „го користеле своето царство од бродови за поддршка на злонамерните активности на Иран и неговите застапници“. „Иран и натаму се потпира на незаконска продажба на нафта и течен гас, со цел фнансирање на своите терористички застапници и дестабилизирачки активности“, навел вршителот на должност подсекретар на Трезорот за тероризам.