Насловна / Вести / САД со помош за Естонија во изградбата на нуклеарни капацитети

САД со помош за Естонија во изградбата на нуклеарни капацитети

САД и Естонија се договориле да соработуваат во склоп на Програмата FIRST, на американскиот State Department, која е осмислена да ги продлабочи американските врски, да ги поддржи енергетските иновации и да ја унапреди техничката соработка со партнерските земји во областа на безбедна нуклеарна енергетска инфраструктура. Естонија изразила желба да се придружи на оваа програма на крајот од 2021 година. Почетната обука за естонските стручњаци ќе се одржи во периодот февруари – септември и ќе се фокусира на нуклеарната безбедност. Градењето на капацитетите ќе биде во иднина насочено и кон воспоставувањето на национални прописи за нуклеарната безбедност, развој на работна сила и оценка на соодветни локации.

estonia1

estonia2

Министерот за животна средина на Естонија вели дека оваа соработка со САД преку обуката во програмата FIRST, ќе ги збогати занењата на естонските стручњаци во поглед на поставувањето на мали нуклеарни реактори и ќе и помогне на земјата да донесе одлука за изводливост на вклучувањето на нуклеарната енергија во Естонија.  Во април 2021 година, владата на Естонија одобрила формирање на работна група за нуклеарна енергија (NEPIO), со задача да ја анализира можноста за воведување на нуклеарна енергетика во Естонија. Групата ги анализира технологиите и актуелните проекти во развој во другите земји и ќе процени дали со развојот на нуклеарни електрани во земјата треба да се занимава приватниот или државниот сектор и какви би биле можностите за јавно приватно партнерство.  Своите заклучоци и предлози NEPIO треба да ги достави до владата во септември 2022 година.

estonia3

Испрати коментар

Scroll To Top