Насловна / Вести / САД се откажаа од санкции против „Северен тек 2“, a републиканците гневни за таа одлука

САД се откажаа од санкции против „Северен тек 2“, a републиканците гневни за таа одлука

Во спорот околу гасоводот во Балтичко море, американската влада за почеток се откажува од санкции против компанијата која е изведувач на работите и нејзините германски директори. Опозиционите републиканци се бесни на овој потег.  Американски CNN јавува дека претседателот Џо Бајден сака да го избегне заострувањето на односите со Германија. Но, според истиот извор, ќе бидат воведени нови санкции против руските бродови кои се вклучени во изградбата на гасоводот. Имено, американскиот Стејт Департмент планира наскоро на Конгресот да му го предаде извештајот за „Северен тек 2“. Извештајот вели дека компанијата „Северен тек 2“ и незјиниот директор прават дела „достојни за санкции“. Но, според посебните прописи, санкциите не би требало да стапат на сила поради американските национални интереси.

NStream1

„Северен тек 2“ е фирма ќерка на рускиот енергетски концерн „Газпром“. Компанијата со седиште во Швајцарија, е задолжена за планирање, изградба и екслопатација на гасоводот кој е речиси завршен. Вашингтон е всушност стриктно против 1200 километри долгиот гасовод во Балтичко море со кој природниот гас од Русија ќе стигнува во Германија. Бајден, исто како и неговиот претходник, тврди дека Германија и Европа така ќе станат повеќе зависни од Русија, и дека ќе и се нанесе штета на транзитната земја Украина. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во март барал „моментално“ стопирање на изградбата на гасоводот, и дека во спротивно ќе следуваат санкции. „Северен тек 2“ е лош дил за Германија, Украина и нашите сојузници и партнери во средна и источна Европа. Тој гасовод е руски геополитички проект“, рекол Блинкен.

Nstream2

 

Во јануари, американската влада ги заостри санкциите против рускиот брод за положување цевки и неговиот сопственик, руската компанија KVT-RUS. Конгресот во Вашингтон во 2019 година во основа ги усвои санкциите против изградбата на гасоводот, а наредната година ги прошири. Во американскиот Конгрес речиси сите гледаат критички на „Северен тек 2“.  Опозиционите републиканци неодамна  остро ја критикувале Бајденовата администрација поради откажувањето од санкциите против „Северен тек 2“.  „Невидено. Непочитувајќи ги американските закони Бајден активно му помага на Путин да изгради свој гасовод“, напишал сенаторот на конзервативците Тед Круз на Твитер. Републиканскиот сенатор Бен Сасе, рекол дека Бајден пред само два месеци го нарекувал Путин „убиец“, а денес сака да му даде во раце нему и на наеговиот режим огромна стратешки лост во Европа. Поради „Северен тек 2“, Бајден се наоѓа во прилично незавидна ситуација, како на внатрешен така и на надворешнополитички план. Од една страна сака одлучно да и се спротистави на Русија, и затоа е против гасоводот. Но, од друга страна сака повторно да ги подобри односите со Германија и другите западни сојузници, откако Трамп повеќе пати ги навредуваше трансатланските партнери.

Nstream3

Испрати коментар

Scroll To Top