Насловна / Вести / САД: Прв проект за гасни електрани без емисии на јаглерод диоксид

САД: Прв проект за гасни електрани без емисии на јаглерод диоксид

Во Колорадо и Илиноис ќе бидат инсталирани првите електрани на гас кои гасовите со ефект на стаклена градина нема да ги испуштаат во атмосферата. Имено, до 2025 година ќе се изгради по една таква постројка во двете сојузни држави, користејќи ја технологијата на компанијата Net Power. Електраните ќе имаат инсталирана моќност од по 280MW за проиводство на електрична енергија. Аналитичарите во САД велат дека потфатот може да има огромно значење за намалување на јаглеродниот отпечаток на електроенергетската мрежа. Net Power развил решение со кое фосилниот гас согорува со помош на чист кислород намс=есто со воздух, па  производи на согоувањето се само јаглерод диоксид и водена пареа. Најголемиот дел од јаглерод диоксидот потоа се искористува во затворен циклус од четири чекори, при што се придонесува за ефикасноста на електраната, а остатокот со цевководи се спроведува под земјата. Net Power  ја тестирал технологијата за циклусот  Allam-Fetvedt  во 2018 година, во експериментална постројка од 25MW во близина на Хјустон во Тексас.

allam1

 

Управата за информации во енергетиката на САД, вели дека природниот гас е извор за 36% од произведената електрична енергија во таа земја.  Една од електраните с егради во партнерство со производителот на храна  Archer-Daniels-Midland (ADM) од Чикаго. Вториот потфат наречен Coyote Clean Power Project, е започнат во соработка со бизнис фондот на резерватот на еден народ од староседелците во Колорадо.  Конечната одлука за инвестирање се очекува следната година. Во близина на оваа локација веќе постои цевковод за јаглерод диоксид. Директорот за развој на Net Power, изјавил дека трошоците за проектот сеуште не се прецизно утврдени, но дека секоја од електаните би чинела околу 500 милиони УСД. Тоа е многу повеќе во споредба со другите технологии за природен гас, но сепак се работи за електрани со системи за складирање на јаглерод диоксид.

allam2

 

Испрати коментар

Scroll To Top