САД остро се противат на изградбата на гасоводот „Северен поток 2‟ преку кој рускиот гас ќе доаѓа до Европа и Германија и ја обвинуваат Русија дека сака економски да ја уништи Украина. „Северен поток 2‟ не е комерцијален проект, а неговата цел може да биде притисок од руската страна врз Украина, смета посебниот претставник и координатор на Стејт департментот за енергетика Амос Хонштајн. Тој наведе дека Украина има приходи поголеми од две милијарди долари од транзитот на руски гас низ нејзина територија.