Наоѓалиштето на литиум откриено во вулканскиот кратер долж границата помеѓу Невада и Орегон, може да содржи до 40 милиони тони од реткиот метал. Ова е најверојатно најголемото наоѓалиште на светот, што би можело да има огромно влијание врз индустријата на електрични возила, се истакнува во студијата која е направена за ова лежиште. Доколку оваа проценка се покаже точна, ќе се случи драматична промена во динамиката на литиумот на глобално ниво во смисла на цена, сигурност на снабдување и геополитика.
Производителите на алектрични возила се жалеле на проценките дека залихите на „бело злато“ ќе опаднат до 2025 година, а Кина, САД и неколку јужноамерикански земји се борат да пронајдат големи лежишта со цел да се задоволи растечката побарувачка. Од автомобилската компанија General Motors, велат дека веќе с есоочуваат со ризик од намалени количини на литиум, а компанијата веќе има купено удели во рударски операции. Загриженоста во врска со набавката на литиум е поизразена и поради планот за чиста енергија на претседателот Бајден, кој има амбициозна цел до 2030 година половина од автомобилите во САД да бидат електрични. Администрацијата на Бајден се залага за инвестирање на 7,5 милијарди долари во станици за полнење на електрични возила ширум земјата.