Насловна / Архитектура / САД – пред избори, навраќање на корените

САД – пред избори, навраќање на корените

Додека во САД во моментов се води бурна предизборна претседателска кампања, решив да се навратам на историјата, да посетам барем дел од корените на оваа држава – куќата на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон (1732 – 1799). Локацијата воедно е задолжителна екскурзија, барем за деца од овдешните локални основни училишта.

_____ 1_resize

Вашингтон е единствениот претседател кој не живеел во Белата куќа, главно поради тоа што почнала да се гради во 1792, а била завршена и отворена во 1800-та година. Во голем дел тој живеел на имотот Маунт Вернон (Mount Vernon) во Сојузната Држава Вирџинија, именуван по познат британски морнарички офицер, адмирал Едвард Вернон.

_____ 2_resize

ПОПУЛАРНИОТ ГЕНЕРАЛ

Во Владата на Вирџинија, Вашингтон бил избран кога имал 26 години, се оженил со вдовица и се доселил на плантажата. Учествувал во двата континентални конгреси, што подоцна довеле до изготвување на Декларацијатa за независност, во јули 1776 – прокламација дека 13-те американски колонии сега се независни сојузни држави и повеќе не се под британска контрола. Се формирала армија и Џорџ Вашингтон бил назначен за генерал. Револуционерната војна траела пет години, Британија е поразена, а Вашингтон е прогласен за херој.

_____ 3_resize

Но, заради дополнителни проблеми, колониите имале итна потреба од национален лидер. Во 1787-ма, нивни претставници се сретнале во Филаделфија, Пенсилванија и го креирале Уставот на САД. Кусо потоа, според одредбите, избран е претседател. Џорџ Вашингтон, кој бил популарен генерал,  го освоил мнозинството од гласовите. Иако учествувал во планирањето за постојан главен град, неговиот втор мандат му завршил пред Федералната влада да се стационира во градот, којшто подоцна во негова чест, го добил името Вашингтон.

map-sketch-11-lo_resize

КУЌА СО 21 СОБА

Куќата на Маунт Вернон е една од најпознатите знаменитости од 18-тиот век во Соединетите Американски Држави. Првично била обична еднокатница во сопственост на таткото на Вашингтон која ја наследил постариот брат на Џорџ, Лоренс. По прераната смрт на Лоренс од туберкулоза, Маунт Вернон му припаднал на Џорџ Вашингтон, каде тој живеел со својата сопруга Марта. Поради бракот со богатата Марта, Џорџ станал еден од најбогатите луѓе во Вирџинија. Се стекнал со третина од имотот (од 18.000 хектари) на имотот Кустис, на покојниот сопруг на Марта и добил околу 23.200 хектари земја за заслуги во војната. Вашингтон често купувал земја. До 1755 година ја дуплирал големината на Маунт Вернон на 6.500 хектари. Го зголемил и бројот на своите робови на преку 100.

mount-vernon-shenk-5196_resize

Џорџ почнал да инвестира во куќата во 1754 и во текот на следните 45 години прераснала во живеалиште со 21 соба, она што го гледаме денес.  Вашингтон го надгледувал секое реновирање, советувал околу дизајнот, изградбата и декорацијата. Во меѓувреме избирал архитектонски карактеристики коишто го изразувале неговиот растечки статус како џентлмен од Вирџинија и последователно како лидер на една нова нација. По двата последователни мандата, повторно се вдомил во Маунт Вернон. Починал две години подоцна, на 14-ти декември, 1799. Во САД илјадници луѓе носеле црнина со месеци, а Вашингтон е закопан на својот имот во Маунт Вернон.

mansion-landscapes-sep-2013-50s-shenk-290-web-2-1_resize

Препознатливите историски елементи на куќата на Вашингтон прикажани се на безброј згради во САД, како станбени така и деловни. Еден период Маунт Вернон е најкопираната куќа и станала едно од препознатливите обележја на американската архитектура.

viptour-3_resize

МАСОВНА ПОСЕТЕНОСТ НА МАУНТ ВЕРНОН

Вашингтон од револуцијата излегол како централна фигура во американската свест. Човек со бескомпромисни принципи, благороден и непоколебливо достоинствен, Вашингтон имал улога на вистински херој и претседател на новата република. По неговата смрт ожалостената нација го воздигнала Вашингтон на речиси божествен статус. Апотеозата на Вашингтон му дала на кревкиот американски експеримент симбол на сила, а неговиот дух станал основа за идентитетот на нацијата.

01_resize

За да го искусат неговиот дух од прва рака Американците масовно го посетуваат  Моунт Вернон. Саканата плантажа на Вашингтон, станала опиплив потсетник на таткото основач, материјализација на неговиот карактер и идеали. Со својата понизност и величественост, зградите и градините им претставуваат на посетителите рефлексија на прагматичниот, но сепак софистициран ум на Вашингтон.

mtvnewroom_25_resize

АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ДАМИ

Ен Памела Канингам важи за пионер во историското движење за зачувување на поседот, кога во 1853-та година ја формирала Асоцијацијата на дами на Маунт Вернон. За да се спаси имотот, одлучните жени во рок од две години успеале да соберат 200.000 долари и да го откупат. Асоцијацијата е првата организација за зачувување на историското минато и најстаро женско патриотско здружение во САД. Асоцијацијата стои зад филозофијата на зачувување на објектот, на нејзините методи и технологија, сè до ден денес.

_____ 4_resize

stara_resize

КОЛОНИЈАЛЕН ДОМ

Истовремено, архитектонски тим, составен од историчари, специјалисти за зачувување на оригиналните елементи и столари, се грижи за реставрација на сите згради на Маунт Вернон, анализирајќи, архивирајќи и ревидирајќи податоци и докази, и со тоа правејќи темелен запис за идните генерации.

jjj_resize

Компанијата The Home Construction Division of Sears, Roebuck and Company била избрана во 1930 година да постави репродукција на Маунт Вернон на изложбата Coloniale Internationale de Paris одржана во Париз и на прославата на 200-годишнината на Џорџ Вашингтон одржана во Бруклин. Овие случувања ја поттикнале компанијата и и отвориле можност да понуди Монт Вернон – инспирирана куќа како дел од нивната линија на каталошки куќи од 30-тите години. Наречен „Џеферсон“, моделот на куќата бил именуван по вториот татко основач, но двокатниот трем со квадратни столбови и бели ѕидови со зелени капаци на прозорците, бил дизајниран според изгледот на историскиот Маунт Вернин. Овој јужен колонијален дом претставувал симбол на успех, чинел 3000 долари, обезбедувал материјали и упатства за изградба за куќа со осум соби и две бањи.

_____ 5_resize

Преку 150 години Маунт Вернон не прифатил никакво владино финансирање. Опстојува од донации сè со цел да се сочува домот и наследството на, како што се нарекува, таткото на нацијата.

Автор: Јулија Велковска

(Специјално за Порта 3 од Вашингтон)

dsc03552-2_resize

dining-room-web_resize

Испрати коментар

Scroll To Top