Сенаторот на САД Кристофер Марфи, изјави дека официјален Вашингтон е заинтересиран за вложување во земјите од западен Балкан, но дека претходно е неопходно темелно спроведување на економски и судски реформи. Според неговите зборови, САД би можеле да станат алтернативен снадбувач на течен гас и нафта на подрачјето на Балканот. Тој истакна дека во тек се преговори со Хрватска за изградба на терминал за снабдување на Балканот со енергенти. Понатаму, тој додава дека Соединетите Американски Држави се спремни да помогнат и во развојот на домашните енергетски ресурси, особено обновливите извори и нуклеарните централи.