На одлагалиштето з аотпад во американската сојузна држава Охајо, започна изградбата на соларна електрична централа со моќност од 4 MW. Проектот го изведува американската компанија Conti Solar која досега на американските одлагалишта з аотпад веќе има изградено соларни енергетски постројки со вкупна моќност од дури 133 MW. Новата електрична централа ќе се простира на површина од 6,88 ha и со неа ќе управува компанијата IGS Solar, подружница на енергетската компанија IGS Energy. Произведената електрична енергија ќе биде во целост превземена од страна на Cleveland Public Power.