Со цел „остварување на енергетска доминација на САД“, Доналд Трамп потпишал Извршна уредба со која го враќа на голема врата јагленот во земјата, со тврдење дека станува збор за т.н „чист“ јаглен. Во сушштина, овој јаглен се користи со технологии кои ја намалуваат емисијата, но сепак тоа не е решение за климатските промени. На надлежните агенции им е наложено да ги идентификуваат резервите на јаглен, да ги укинат препреките за рударење на јаглен и да дадат приоритет на издавањето концесии за експлоатација на јаглен на тие локации.
„Оваа индустрија обезбедува стотици илјади работни места и секоја година придонесува за американската економија со десетици милијарди долари. Ресурсите на јаглен во САД се огромни, а производството на електрична енергија од јаглен денес е почисто од било кога, иако претходната администрација водеше војна против овој енергент“, соопштено е од Белата куќа. Оваа Извршна уредба се надоврзува на мерките кои Трамп веќе ги презеде со цел да им обезбеди на американците најефтина енергија на светот, како што се повлекувањето од Парискиот договор за климата, укинувањето на Зелениот договор и сл. Според Управата за енергетски информации (EIA), термоелектраните на јаглен моментално користат помалку од 20% од електричната енергија во САД, што е пад во однос на 50% од 2000 година.