Насловна / Вести / САД ја изрекоа првата казна за вселенски отпад

САД ја изрекоа првата казна за вселенски отпад

Американската влада ја изрече првата казна на една компанија поради вселенски отпад. Федералната комисија за комуникации (FCC) ја казни компанијата  Dish Network со 150.000 американски долари, бидејќи не се погрижила соодветно за стариот сателит кој веќе не е во функција. Станува збор за сателитот EchoStar-7, за кој компанијата ја признала одговорноста.

debrisfine2

Вселенскиот отпад се однесува на делови од вселенски летала и опрема кои и покрај тоа што веќе не се користат, останале во орбитата на Земјата и претставуваат опасност за новите мисии поради ризикот од судар. Dish Network требало да го помести сателитот 300 километри подалеку од Земјата, но во 2022 година е донесен на оддалеченост од 120 километри по што снемало гориво.

debrisfine1

Испрати коментар

Scroll To Top