Насловна / Вести / САД ја блокираат изградбата на поморски интернет кабел долг 12.000km

САД ја блокираат изградбата на поморски интернет кабел долг 12.000km

Пацифичкиот поморски кабел долг 12.000 километри помеѓу Лос Анџелес и Хонг Конг, веќе е во голема мера комплетиран. Изведбата течела во согласност со привремената дозвола чија важност истекува следниот месец. Но, неименувани извори на Wall Street Journal предупредуваат дека целиот проект е во опасност да не ја добие неопходната дозвола, поради забелешките на панелот познат како “Тим телеком“. Доколку овој панел одбие да издаде лиценца, тоа ќе биде преседан, а како образложение се наведува „опасност по националната безбедност“.

lightcable2

lightcable3

Извештајот на Wall Street Journal, доаѓа откако САД минатата недела објавија дека ќе ја одложат забраната за Huawei на 90 дена. Кинескиот производител на паметни телефони, во мај годинава беше ставен на црна листа поради обвинувањата дека негова опрема се користи за шпионски активности на кинеската влада.

lightcable1

lightcable4

Испрати коментар

Scroll To Top