САД и Саудиска Арабија преговараат за соработка во набавката на метали во Африка, кои им се потребни за енергетската транзиција. Саудиската државна компанија ќе купи удели во рударските компании за 15 милијарди долари, и тоа во Конго, Гвинеја и Намибија, со што ќе овозможи влез на американските партнери. Во јули, сличен аранжман договориле и Saudi Arabian Mining и Саудискиот фонд за јавни вложувања, купувајќи 10% удел во бразилската компанија за обработка на метали и рударење Vale, заедно со американската инвестициска компанија Engine No. 1, која станала сопственик на 3% удел.
Саудискиот фонд писмено се обратил до властите во Конго, за можни вложувања во кобалт, бакар и тантал, преку компанијата Mantra Minerals. Интересот е проширен и на литиумот, никелот и железната руда. Белата куќа бара финансиска поддршка и од другите државни фондови во регионот, но преговорите со Саудиска Арабија највеќе напредувале.