Минатата година во светот на отпад завршиле повеќе од 41,8 милиони тони електронски отпад, највеќе во САД и Кина, а помалку од 1/6 од овој отпад е рециклиран, се наведува во извештајот на ОН.
Се проценува дека само оклу 6,5 милиони тони од фрлените уреди се рециклирани, а вредноста на металите што завршиле на отпад достигнува 52 милијарди долари.
САД во 2014-та генерирале највеќе електронски отпад – 7,1 милиони тони, на второ место е Кина со шест милиони тони, а следуваат Јапонија, Германија и Индија. Највеќе отпад по жител има Норвешка (28 кг), а следуваат Швајцарија, Исланд, Данска и Британија. На оваа листа Кина не е ни меѓу првите 40.