Заемно признавање на лиценците меѓу овие три земји стапи на сила во почетокот на оваа 2017 година.
Договорот за рамноправно вреднување на архитектонските лиценци го предводел американскиот National Council of Architectural Registration Boards (NCARB), а согласноста ја потпишале и Architects Accreditation Council of Australia (AACA) и New Zealand Registered Architects Board (NZRAB).
Веќе некое време сите американски архитекти кои имаат NCARB сертификат можат непречено да работат во Канада и Мексико. Сега полето на нивните активности ќе се прошири и на другата страна на океанот.
„Договорот ќе биде возбудлива можност за архитектите, кои сакаат да ги прошират своите кариери на меѓународната сцена“, изјавила Кристина Хардинг, претседател на NCARB.
Да бидат во можност да ги искористат овие предности, архитектите треба да го имаат потребниот сертификат и мора да ги исполнуваат следниве барања: тие мора да имаат државјанство и постојан престој, дозвола за работа издадена од надлежниот орган, како и 6.000 работни часа (околу три години) во матичната земја, по добивањето на лиценцата, пишува Dezeen.