Насловна / Вести / САД: 3 милијарди долари годишно за заштита на животната средина

САД: 3 милијарди долари годишно за заштита на животната средина

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела потпиша закон врз основа на кој ќе бидат издвојувани по три милијарди долари за проекти за зачувување на животната средина, рекреација во природа и одржување на националните паркови и другото државно земјиште во САД. Конгресот го усвои овој закон со убедливо мнозинство.

Трамп притоа изјавил дека не постои ништо слично уште од мандатот на Теодор Рузвелт кој своевремено воспоставил заштита на многу национални паркови, шуми и споменици на природата. Законот предвидува издвојување околу 900 милиони долари годишно за фондот за заштита на животната средина, што е двојно повеќе од досега, и уште 1,9 милијарди долари годишно за унапредување на националните паркови и заштита на дивите животни. Приврзаниците на новиот закон наведуваат дека тоа е најзначаен правен акт за зачувување на животната средина во речиси половина век. Тие додаваат дека благодарение на новиот закон ќе се креираат најмалку 100.000 нови работни места. Противниците тврдат дека предвидените средства не се доволни.

trump1

trump2

Испрати коментар

Scroll To Top