На 17 март се отвори изложбата „Night Fever“ во Vitra Design Museum во Weil am Rhein, Германија.
На изложбата може да се види како грозниците на саботната вечер изгледале во прочуеното њијоршко Студио 54 или легендарниот лондонски клуб Ministry of Sound.
Ентериерите и ненонските написи кои ги краселе некои од најпознатите ноќни клубови во светот се дел на изложбата. Изложбениот простор е исполнет со фотографии, флаери, уметнички дела и плочи кои го отсликуваат амбиентот на некои од историските, култни ноќни клубови кои владееле со сцената почнувајќи од шеесетите години па се до денес.
Целта на изложбата е да се истражи “односот помеѓу клубската култура и дизајнот”, гледајќи во ноќниот клуб инспирација за архитекти и дизајнери.
Организирани по хронолошки редослед, експонатите вклучуваат специјална музичка и светлосна инсталација креирана од Константин Грциќ и дизајнерот за осветлувањето Матијас Сингер.
“Ноќниот клуб е еден од најважните дизајнерски простори во современата култура”, вели музејот. “Од шеесетите години, ноќните клубови се епицентри на поп-културата, различни простори на наоќна забава кои пружаат на архитектите и дизајнерите низ целиот свет можности и инспирација”.
“Мултидисциплинарната изложба го открива ноќниот клуб како многу повеќе од место за игра или музичко место, тоа е извонредно опкружување за интензивни искуства”.
Архитект: Arata Isozaki. Мурал: Keith Haring, Студио 54, Њујорк
Дискотека: Flash Back, Borgo San Dalmazzo1972. Ентериер: Studio65
Volker Hinz, Grace Jones „Confinement“, Area, Њујорк, 1984
Забава Calvin Klein 1978
Ноќен клуб Les Bains Douches, Париз, 1990. Ентериер: Philippe Starck
Gianni Arnaudo, Aliko chair, дизајнирана за Flash Back, Borgo San Dalmazzo, Италија, 1972
Akoaki, Mobile DJ Booth, The Mothership Detroit, 2014
Tresor, Берлин, 1996/97
Hacienda, Манчестер
подиум за игра, Студио54, Њујорк