Насловна / Вести / Saab – некогашниот гигант на автомобилската индустрија

Saab – некогашниот гигант на автомобилската индустрија

Во Saab отсекогаш гледале од височина на светот на автомобилити, но на еден сосема поинаков начин. Производителот кој во автомобилската индустрија дошол од авио индустријата, ги работел моторните возила од инает, а бескомпромисноста и инаетот останале дури до самиот крај за овој бренд во 2014 година. Дури ниту „тешката чизма“ на GM водена од профит не го поколебала овој производител, но го чинела многу скапо – го чинела опстанок.

saab1

 

Постојат бројни причини поради кои  Saab и денес има многу обожаватели, а некои негови автомобили имаат статус на икони. Тоа што ги прави посебни е секако иновативноста. Saab бил прв во многу работи. Токму затоа, автомобилскиот новинар и познавач Џејсон Камиса го прогласил за „Тесла“ на 1980-тите години. Доволно е да се види Saab 99, кој е осмислен од страна на воздухопловни инженери. Освен препознатливата каросерија, обликувана и верификувана во воздушен тунел, овој автомобил од крајот на 1960-тите имал и зони на деформација во случај на судар, како и бројни зајакнувања на конструкцијата. Имал и зајакнувања кај вратите, заради безбедност при бочен судар.

saab2

 

И Saab 900 имал свои посебности, како контакт-брави поместени ан централан аконзола, со цел клучот да не го повреди возачот при судар. И така до замиот крај на овој бренд. Неретко и денес се возат автомобили од овој бренд, од кои бројни се во беспрекорна состојба.

saab3

saab4

 

Испрати коментар

Scroll To Top