Порастот на цените на електричната енергија на берзите во Европа, драматично влијаеше на периодот на исплата на проектите на ветерни паркови и соларни електрано од 11 години на речиси една година. Ова го покажува истражувањето на норвешката консултантска куќа Rystad Energy. Инвестициите во обновливи извори на енергија се во пораст, па оваа година е можно по прв пат тие вложувања да бидат повисоки отколку вложувањата во нафтено-гасниот сектор. Rystad Energy истакнува дека намалувањето ан периодите на исплата нa инвестициите во зелена енергија ќе може да иницира забрзан развој на проектите во ветерни паркови и соларни електрани кои се базирани исклучиво на пазарни принципи.
Претходно враќањето на инвестициите во овој вид капацитети првенствено се потпираше на субвенции, како што се feed – in тарифите, а неодамнешние проблеми со суровините и снабдувањето се закануваа да ги вложат работите. Меѓутоа, анализата на норвешката компанија покажува дека моменталните цени на безрите во германија, Франција, Италија и Велика Британија, значително го намалуваат периодот на враќање на инвестициите. Во истражувањето, Rystad Energy го користел примерот на изградба на соларниот проект од 250 MW во Германија. Со долгорочна цена на енергијата од 50 евра по MWh, очекуваниот период на отплата е 11 години. Но, со цена од 350 евра по MWh или повисока, инвестицијата се враќа за речиси една година. Со релативно ниски оперативни трошоци, периодот на враќањње на инвестицијата би бил краток дури и во случај на значителен пад на цената на енергијата на долг рок. Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека капиталните инвестиции во обновливи извори ќе достигнат 494 милијарди американски долари во 2022 година, и ќе ги надминат вложувањата во нафта и гас, за кои се проценува дека ќе бидат околу 446 милијарди американски долари.