Насловна / Вести / Ryanair ги поскапува картите, бидејќи Boeing доцни со испораката на авиони

Ryanair ги поскапува картите, бидејќи Boeing доцни со испораката на авиони

Минатото лето цените на авиокартите на летовите на Ryanair се покачиле за 17%. Ирскиот авиопревозник најавува дека поскапувањето оваа година ќе биде помеѓу 5 и 10%. Причината за поскапувањето на картите е во ограничените капацитети, поради доцнењето на испораката на новите авиони нарачани од Boeing.

ryanair1

Имено, Ryanair со американски Boeing договорил испорака на 57 нови авиони до крајот на март идната година, но се очекува дека до тој рок ќе стигнат само 45. Американската компанија има проблеми со моделот Boeing 737 Max 9, па со оглед на зајакнатите испутувања од аспект на контролата на квалитетот, намалено е темпото на производство.

 

Испрати коментар

Scroll To Top