Германската енергетска компанија RWE најави изградба на соларен парк во Британија со моќност од 37 MW.Со овој потег, RWE настојува да го збогати своето портфолио во областа на обновливите извори на енергија.
Се очекува соларниот парк „Kencot Hill Solar Firm“, чија изградба е планирана на територијата на напуштениот аеродром во Оксфордшир (Англија), да биде приклучен на мрежата кон крајот на летото 2014-та, и со електрична енергија да снабдува околу 100.000 домаќинства, стои во соопштението на RWE.