Ова индустриско и еклектично поткровје е дизајнирано од страна на израелското архитектонско студио Ando Studio.
Основна цел при осмислување на дизајнот претставува креацијата на автентично поткровје исполнето со живот, движење и континуитет. Како најприменети материјали се издвојуваат дрвото, сребрениот метал, стаклото и кожата при изборот на мебелот. Тоналитетот на бои е сериозен и придушен, варирајќи со различни нијанси на сина боја.
Основата се одликува со отворен концепт, каде функционалните простори се „облечени“ во изобилство од книги, фотографии и уметнички дела, а природното осветлување е обезбедено преку гигантските прозорски отвори.
Целокупниот дизајн резултира со индустриски, но стилски и современ контекст, создавајќи пријатен дом за една креативна индивидуа.