Насловна / Вести / Руски воен концерн, ќе произведува електрични автомобили

Руски воен концерн, ќе произведува електрични автомобили

Рускиот воен концерн Алмаз-Антей, познат по производството на противавионските ракетни системи  С-300, С-400 и С-500, ги објави првите фотографии од електричниот автомобил од сопствено производство. Работното име на моделот е Е-НЕВА. Станува збор за crossover со должина од 4,5 метри, кој со едно полнење може да помине 463 километри. Достигнува максимална брзина од 197 km/h, и забрзување од нула до 60 km/h за 2,7 секунди.

енева4

енева3

 

Електричниот автомобил е опремен со мултимедијален систем со дигитална инструмент табла, head up монитор на ветробранското стакло и екран од 15″ осетлив на допир.  Багажниот простор има волумен од 610 литри. Освен врзијата со електричен мотор, Алмаз-Антей же направи и хибридни верзии со мотори на гас или водород.

енева2

енева1

Испрати коментар

Scroll To Top