Рускиот милијардер Генадиј Тимченко, кого го сметаат за еден од најблиските луѓе на Владимир Путин, е подготвен да изгради тунел под Керченскиот мореуз кој ќе го поврзува Крим, градот Керч и континенталниот дел на Русија. Неговата изградба би чинела 40 милијарди рубљи (1,12 милијарди долари). Во интервјуто за руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, Тимченко рече дека овој проект ќе биде 13 пати поевтин од изградбата на подморскиот Евротунел кој ја поврзува Британија и Франција, како и три пати поевтин од турскиот тунел Мармарај под Босфорскиот мореуз.
Инаку, според Тимченко, експерти сметаат дека треба да се гради мост во реонот на Тузла. И тоа е стратешки правилно, но тој ќе чини околу 300 милијарди рубљи, а се треба да се заврши до крајот на декември 2017 година. Сепак, тој смета дека ќе преовлада варијантата за изградба на тунел кој е значително поевтин.