Насловна / Архитектура / Руски град „замрзнат“ во советската ера

Руски град „замрзнат“ во советската ера

barencburg-zaliv

Малиот руски град Баренцбург со петстотини жители останал „замрзнат“ во советската ера. Ова место всушност се наоѓа на норвешкиот остров Шпицберген, но според Договорот од дваесеттите години на минатиот век некои земји се уште имаат право на риболов, рударење и трговија на овој остров.

map_norway_political-geo

Тоа право и денес го користи Русија. Иако во градот се уште е активен рудникот за јаглен, од него никој не заработува поради нискиот квалитет и скромното производство.

barentsburg1

Градот е атракција за туристите кои можат да ја почувствуваат атмосферата на некогашната советска ера.

barentsburg

Во градот речиси ништо не се сменило со децении.„Во суштина, Русија плаќа за своето присуство овде. Тоа е прашање на висока политика. Имаме право да кажеме дека островот е исто толку наш колку што е норвешки“ вели Тимофеј Рогозин од компанијата која управува со рудникот.

mr0 barentsburg-mural barencburg-mural baren barentsburg-museum barentsburg-monument

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top