Рускиот архитект Сергеј Кузнецов, го претставил својот иновативен дизајн на куќа во облик на цевка која на локацијата каде е поставена делумно „виси во воздух“. Внатрешноста ги соржи сите елементи на стандардна куќа, а интересно е дека при изградбата се користени техники кои се употребуваат во бродоградбата. Проектот под името Russian Quintessential директно е поврзан со професионалните искуства на архитектот и спаѓа во доменот на иновации во архитетурата. Куќата е направена во облик на цевка со дијаметар од 3,5 метри и должина од 12 метри. Поставена е на терен со различна височина. Рамката на објектот е изработена од потпорни ребра како тело на брод, а импресивната маса од 12 тони се одржува во рамнотежа со само шест завртки. Обвивката на објектот е направена од нерѓосувачки челик со дебелина од 4 mm.