Помош од Руската Федерација наменета за справување со последиците од поплавата во Скопскиот регион и за засилување на капацитетите на службите за кризно реагирање, ќе биде донирана денеска во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.
Хуманитарната помош со тежина 40 тони е доставена со специјален автомобилски превоз на Министерството за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди на Руската Федерација.
Во товарот се вклучени мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо, информира Руската амбасада во Скопје.