Рускиот реактор со брзи неутрони ќе биде изграден и пуштен во работа до 2020 година. Тој ќе овозможи истражувања на ова поле кои би можеле да доведат до посигурни и побезбедни нуклеарни електрични централи. Во Димитровград официјално започна изградбата на најмоќниот светски повеќенаменски реактор на брзи неутрони МБИР, во кој ќе се изведуваат потребните екперименти з аразвојот на глобалната атомска енергетика.
Реакторот се гради на просторот на Државниот научен центар на Руската Федерација – „Научно- истражувачки институт за нуклеарни реактори“. За разлика од денешните реактори, кои ги успоруваат неутроните, новиот реактор ќе им овозможи да се движат брзо, генерирајќи значително помалку отпад. Реакторот ќе биде користен и за производство на радио – изотопи за разни намени, како и за медицински истражувања.