Насловна / Вести / Русите произведоа еколошка пластика

Русите произведоа еколошка пластика

Руските научници направија материјал врз основа на полиетилен кој може да се разградува во природна средина. Резултатите од ова истражување се објавени во научниот часопис “Неоргански материјали: Применето истражување“. И покрај растечкиот проблем на глобална контаминација со пластика, експертите истакнуваат дека биораградливите полимери денес се применуваат само во областа на медицината и биологијата. Најголемиот дел од пластиката која се произведува ширум светот, на пример за пакување, останува неразградена и со децении присутна во животната средина. Научниците од рускиот економски универзитет „Плеханов“ спровеле низа успешни експерименти за промена на структурата на политетиленот, со цел да добијат ефект на биораградливост. Цената и трошоците за експлоатација останале на ниво на традиционалната пластика која не е еколошки прифатлива.  „Вклучувањето на органски материјали – измелено дрво и скроб, овозможува создавање на опкружување кое ја апсорбира водата и во кое брзо се размножуваат главните агенси за разградување – микроорганизмите“, објаснува шефот на одделението за хемија на иновациони материјали и технологија Анатолиј Попов. Според зборовите на авторите на истражувањето, вака создадениот композитен материјал нема пандан во светот. Спроведените тестирања, вклучувајќи ги и тестирањата во земјиштето, ја потврдиле ефикасноста на избраниот пристап. „Во текот на механичкото тестирање, материјалот покажа оптимални резултати, а теренските испитувања на земјиштето покажаа намалување на масата на примерокот за 20% во текот на три години“ изјавила коавторката на истражувањето Елена Григоријева.

Истражувачкиот тим планира подетално да го проучи влијанието на факторите од животната средина врз процесите на разградување, како и да го утврди влијанието на органските материјали врз механичките карактеристики на полимерите, со што ќе се овозможи подготовка на технологија за излез на пазарот.

plekhanov1

plekhanov2

plekhanov3

Испрати коментар

Scroll To Top