Насловна / Вести / Русите и Јапонците прават робот за на Месечината (видео)

Русите и Јапонците прават робот за на Месечината (видео)

Руската компанија „Андроид технолоџи“ и јапонскиот стартап GITAI планираат да направат робот кој ќе работи на површината на Месечината.
Извршниот директор на руската компанија, Јевгениј Дудоров нагласува дека колегите од Јапонија размислуваат во иста насока со нив во настојувањето, чекор по чекор да дизајнираат роботски системи кои ќе можат да се користат во истражувањата на блиската и далечна вселена.
„За почеток и нам и ним првата цел ни е Месечината, односно роботски системи кој ќе може да извршува задачи на површината на Месечината“, вели Дудоров, пренесува Дневник Евроазија, повикувајќи се на руската агенција ТАС.
Јапонската компанија GITAI е специјализирана за антропоморфни роботи и користат команди слични на оние кои ги развиле во „Андроид технолоџикс“. Нивниот уред овозможува управување со роботи во режим на „аватар“.

Предходно, руската технолошка компанија „Андроид“ во соработка со Фондот за напредни истражувања, изработи хуманоиден робот „Скајбот Ф-850“ кој прво беше наречен Федор и кој кон крајот на август леташе на Меѓународната вселенска станица на вселенскиот „Сојуз“.
Друг проект на кој работи компанијата е Теледроид, робот кој нема нужно да има антропоморфни карактеристики, а кој би функционирал од надворешната страна на Меѓународната вселенска станица. Првиот прототип на Теледроидот се очекува на почеток на пролет 2020 година.
Компанијата „Андроид“ исто така, проектира антропоморфен робот кој ќе пренесува радиоактивен отпад од складиштата на преработка.

Испрати коментар

Scroll To Top