Генералниот директор на „Росатом“ Алексеј Лихачов, зборувал на државната руска телевизија за руско – турскиот инвестициски проект, нуклеарната електрана во Мерсин, Турција, односно за предизвиците со кои се соочуваат во неговата реализација. Проектот е договорен помеѓу двете земји уште во 2010 година. Изградбата на првиот реактор започнала во 2018 година, а работите на втората единица започнуваат во 2020 година. Се очекувало првиот блок да стане оперативен во 2023 година, но стартот е одложен поради проблеми со набавката на опрема од трети земји како резултат на санкциите. Притоа, Лихачов рекол дека САД се одговори за „грабеж“ на парите наменети за проектот вреден 25 милијарди долари.
Потешкотиите во реализацијата на нуклеарниот проект доаѓаат во клучен момент за односите помеѓу Aнкара и Русија, Турција е важен трговски партнер за Русија откако се воведени санкциите. Дошло до зголемување на извозот помеѓу двете земји, вклучувајќи и стока поврзана со потребите на војската. Од друга страна, аамбасадорот на САД во Анкара, минатиот месец за Ројтерс изјавил дека Вашингтон работи со Анкара со цел „да се обидат да ја намалат нивната зависност од Русија на сите можни начини“.