Руската компанија „Росатом“ доби лиценца за изградба на вториот блок во нуклеарната електрана Akkuyu во Турција. Кон крајот на 2018 година, турската Агенција за атомска енергија издаде т.н „ограничена дозвола“ за изградба на блокот, што претставувало прелиминарен документ доволен за изведување на сите работи во врска со блокот, освен реакторот. Изградбата на првиот енергетски блок зпочна во април минатата година. Проектот за нуклеарната електрана Akkuyu опфаќа четири енергетски блокови со руски реактори „ВВЕР 1200“, генерација 3+, со таканаречени „пост Фукушима“ стандарди. Пуштањето во погон на првиот блок е планирано за 2023 година, а потоа секоја следна година би требало да се стартува уште по еден блок. Вредноста ан проектот е околу 20 милијарди УСД.