Руската државна компанија „Росатом“ ќе и помогне на Јапонија во чистењето на последиците од катастрофата на нуклеарката Фукушима во 2011 година, и ќе биде ангажирана во планот за нуклеарна контрола. Уште во септември 2017 година, од управата на оваа компанија изјавиле дека им понудиле помош на своите јапонски колеги.
Комплетната декомисија на уништените реактори би можела да трае и неколку децении со вкупни трошоци кои можат да надминат и 200 милијарди долари. Јапонија планира повторно стартување на 16 од вкупно 45-те реактори. Исто така, државата сака да го намали уделот на нуклеарната енергија во енергетскиот микс од 29 отсто во 2011 година на 21 отсто до 2030 година.