Насловна / Арт и дизајн / Русинката Гала – сопругата на Салвадор Дали и неговата ѕвезда водилка

Русинката Гала – сопругата на Салвадор Дали и неговата ѕвезда водилка

Никогаш нема да дознаеме дали сликарот ќе станеше тoлку познат да не беше неговата сопруга Гала? Во секој случај, таа одиграла посебна улога во кариерата на прочуениот Салвадор Дали.

Музата на Дали била Русинка која пораснала во Москва. Нејзиното вистинско име било Елена Гомберг-Дјаконова. Родена е 1894 година во Казан, а набргу потоа со семејството се преселила во престолнината.

8

Елена на 18 години се разболела од туберкулоза, па нејзините богати родители ја испратиле во шведскиот санаториум Клавадел да се опоравува. Таму го запознала поетот надреалист  Пол Елијар, кој и го дал псевдонимот Гала, што на француски значи „празник“. Таа на Пол му била голема инспирација, тој и ги посветувал своите љубовни песни.

Гала и Пол се венчале, а во 1918. година ја добиле ќерката Сесил. Живееле заедно нешто подолго од 12 години. Тоа бил „отворен“ брак, што значи дека и двајцата имале афери и тоа не го криеле. Најпознатиот љубовник на Гал во тој период бил познатиот сликар Макс Ернст. Тој дури некое време живеел во иста куќа со неа и Елијар.

7

Гала го запознава Дали

Запознавањето со Дали било неочекувано. Елијар и Гала во 1929. година го посетиле младиот каталонски сликар Салвадор. Гала била воодушевена, но во исто време и многу се лутела.

„Ја чудеше складноста на моите расудувања, и веднаш под чинарот ми призна дека на почетокот сум и бил одвратен и неподнослив поради мојата лакирана коса како онаа на професионалните танчери на аргентински танго“ – вака Дали ја опишал нивната прва средба во неговата автобиографска книга „Тајниот живот“.

5

Тоа била судбоносна средба. Гала и Дали се вљубиле и набргу потоа се развела од Елијар, препуштајќи му ја грижата за ќерката (која никогаш не ја сакала, толку многу, што дури и на смртна постела одбила да се збогува со Сесил). Така Гала „побегнала“ со непознатиот сликар во неизвесност.

На почетокот Гала и Дали биле многу сиромашни. Таткото на Дали не сакал да го издржува синот поради неговите ексцентрични испади и никој не ги купувал неговите неразбирливи слики.

01

Сфаќајќи колку е Дали талентиран, Гала веднаш почнала да „чука на вратите“ на разни галерии, молејќи ги да прифатат да ги изложуваат неговите слики. Инаку имала искуство во ова, бидејќи завршила за продуцент и уметнички менаџер, па тоа и помогнало да ги промовира делата на Дали до ниво кое му донело светска слава.

Во нивниот дует таа била рационалната половина, како противтежа на незаузданиот талент и ексцентричниот карактер на големиот сликар: „Наутро Салвадор прави грешки, а попладне јас ги поправам и ги поништувам договорите што тој непромислено ги потпишал“, велела таа.

Гала на Салвадор му била финансиски менаџер, но и непресушен извор на инспирација. Таа била една од двете жени што ги сликал на своите платна (покрај Гала, таква чест и е укажана само на сестрата на Дали, Ана Марија). Колку и да се обидувале биографите да ја опишат сопругата на познатиот сликар, тој самиот тоа го направил најдобро, и со слика и со зборови: „Имаше нежно тело, како детско. Линија на рамената со речиси совршени облини, а мускулите на половината, кои однадвор изгледаа кревко, беа спортски силни како кај момчиња. Но, затоа облината на долниот дел на грбот беше навистина женствена. Грациозниот спој на вито, енергично торзо, тенок струк и нежни бедра ја правеше уште попривлечна“.

2

Заедно поминале 53 години

По официјалното стапување во брак во 1934. година, Гала и Салвадор отпатувале во САД. За неа тоа не било обично патување, туку дел од една поширока стратегија. Гала сакала да го покаже талентот на својот сопруг на богат континент. И тоа и успеало. Колку станувал Дали попопуларен, толку повеќе луѓето ја забележувале и самата Гала, бидејќи тој секаде во јавноста се појавувал со неа, држејќи ја за рака. Новинарите за неа пишувале: „Таа го зеде беспомошниот и секако талентиран Дали, и го направи мултимилионер и ѕвезда од светска класа“.

4

Заедно поминале 53 години. Дали го опишал нивниот брак како нешто што секој би сакал да го доживее во својот живот – како „бескраен меден месец“.

Како и во бракот со Елијар, Гала имала љубовници, понекогаш дури и десет години помлади од неа. Салвадор и самиот се состанувал со млади девојки. Но, и покрај тоа, тие никогаш не се разделиувале и биле една целина – и во деловниот и во приватниот живот.

6

Во 1969. година, дарежливиот Дали на својата главна муза ја подарил вистински средновековен замок, Пубол во каталонската провинција Жирона. За да остави посилен впечаток на Гала, тој го реставрирал замокот и лично ги насликал ѕидовите.

Гала го прифати подарокот под еден услов. Еве како тоа го опишал Дали во своите дневници: „Гала ме фати за рака и одеднаш рече: ‘Уште еднаш ти благодарам за сè. Го прифаќам замокот Пубол, но под еден услов: без моја писмена покана, ти нема да се појавуваш овде’“. Самиот Салвадор за својата сопруга велел дека има садистички склоности, па дури и бил поласкан од оваа одлука, бидејќи му се допаѓало кога жената околу себе гради „непробојна тврдина“.

3

Меѓутоа, откако Гала почнала да живее во замокот, нивната меѓусебна страст постепено слабеела. Дури и во подоцнежните години таа се гледала со мажи. Од друга страна, чувството на сопствена немоќ го фрлало Дали во очај. Често се карале. Во 1980 година, сликарот тешко се разболел, по што нивната претходна страст практично целосно згаснала. Две години подоцна, Гала починала од тешка форма на грип на 89-годишна возраст.

Дали и ја исполнил нејзината последната желба и ја погребал сопругата во замокот Пубол, правејќи и гробница. Тој не дошол на погребот, но се појавил на гробот неколку часа подоцна, кога немало никој. Тој почина во 1989 година, седум години по смртта на својата главна „муза“.

Испрати коментар

Scroll To Top