Корпорацијата „Енергомаш“ која е во составот на „Роскосмос“, започна со производство на најмоќниот мотор на светот на течно гориво RD-171MV. Моторот ќе се користи за новата ракета-носач „Сојуз 5“, и супертешката ракета „Енисеј“.
Генералниот директор на корпорацијата Арбузов, во почетокот на август соопшти дека тестирањето на моторот ќе се изврши на крајот на 2019 година, а од 2021 овие мотори ќе бидат користени за тестирањето на ракетата „Сојуз 5“. Русија планира со помош на новата ракета да го освои пазарот на комерцијални летови.