Русија најави старт на сопствено производство на литиум, исклучително баран ресурс денес, особено за изработка на батерии за електричните возила. Русија освен резерви од литиум има и резерви на многу други метали и минерали. Според подпретседателот на руската влада, Денис Мантуров, Русија во целост ќе ја покрие својата домашна побарувачка од ретки метали до 2030 година, додека потребите од литиум ќе бидат задоволени пред тој рок.
Русија ќе се фокусира ан производството на литиум бидејќи земјата сака да стане еден од водечките светски производители на „белото злато“ и “нема проблеми со преработувачката“, односно има доволо капацитети во неколку фабрики. Вкупниот обем на производството на литиум во целост ќе ја покрие домашната побарувачка до 2025 година, а до 2030 година ќе има доволно количини за извоз.
Побарувачката на литиум глобално расте од година во година. Обединетите Нации го сметаат литиумот за „столб на економијата без фосилни горива“. Но од друга страна, главно технологиите кои се користат за експлоатација и преработка на литиумот предизвикуваат значително негативно влијание врз животната средина и во многу земји се водат остри дебати околу ова прашање.