Рускиот претседател Владимир Путин ги повика руските регионални власти да помогнат во развојот на еколошкиот превоз. Овој повик е дел од пошироката претседателска листа на заклучоци усвоени по седницата на која главна тема била еколошкиот развој на Русија. Путин наложил регионалните власти да започнат да применуваат мерки потребни за поттикнувње на користењето на одржливи решенија во сообраќајот и намалување на загадувањето.
Меѓу сетот мерки се наведува и изградба на потребната инфраструктура за полнење на електрични возила, предности при нивно паркирање и воведување на модерни системи за управување во сообраќајот, наведува руската агенција ТАСС.